Непозната бројка на email кориснички сметки се пробиени во хакерски напад извршен во последните 24 часа. „Yahoo“ јавно ја објави оваа информација, меѓутоа повеќе информации за бројката на пробиени сметки и сериозноста на нападот, односно штетата направена сеуште нема.
Според известувањето забележан бил координиран обид за пристапување до поголем број на кориснички сметки. Веднаш по забележување на истото превземени се мерки за заштита на корисниците преку ресетирање на лозинките на засегнатите сметки, па на наредното најавување тие корисници ќе мора да ја сменат истата. Засегнатите корисници исто така е можно да добијат и известување преку email дека нивната сметка била неовластено пристапена во овој напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.