Вељановски најави дека утре ќе ги распише петтите по ред претседателски избори кои ќе треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај.
-Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај и јас во сабота на 1 февруари ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржување на претседателските избори, рече Вељановски во интервју за МИА.
Собранието, според него, во моментов нормално работи, а доколку има само претседателски избори, Собранието нема да одржува седници нешто повеќе од еден месец пред првиот круг.
-Во периодот пред претседателските избори не држиме пленарни седници за да не се претвори салата во место за кампања”, истакнува Вељановски.
Тој во интервјуто изразил задоволство од донесувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои беа усогласени и од власта и од опозицијата, но исто така и очекување учесниците да ги применат на изборите.
Кандидатите за претседател сé уште се непознати за јавноста, иако меѓу граѓаните и политичките партии наголемо за зборува за претстојните претседателски избори кои треба да се одржат годинава. Политичките партии тактизираат и не ги откриваат своите кандидати, сите чекаат другиот да го направи првиот чекор. Услов за кандидат за претседател исполнува секое лице кое до денот на изборите наполнило најмалку 40 години и истото живеело во Македонија десет во последниве 15 години.Кандидатите за претседател за да го добијат мандатот треба да ја добијат довербата од мнозинството гласачи од вкупниот број избирачи.
Владата од Буџетот за 2014 година за избори обезбеди близу пет милиони евра, пари од државната каса со кои треба да се создадат високи стандарди за успешно спроведување на изборите на претседател.
Кампањата за претседател ќе трае дваесет дена пред изборите со тоа што последниот ден е ден на предизборен молк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Руската ТВ ѕвезда Ксенија Собчак, противкандидат на Путин на претседателските избори (фото)
-
Вељаноски и Димитриев ќе ги контролираат УБК и прислушувањето