Денешниот ден во Зрењанин помина без жртви благодарение на ефикасноста на војската на Србија, противпожарната служба и бројните цивили кои беа дел од спасувачките екипи на завеаните возачи.
Снежните наноси покрај силниот ветер, претеа да ги загрозат живототите на учесниците во сообраќајот на територијата на Војводина, а најкритично било кај населеното место Стајичево, во близината на Зрењанин.
Спасувачките екипи успеаја да евакуираат околу стотина патници кои во наносите поминаа речиси 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.