| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Талер осуден на затворска казна

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Зоран Талер е осуден на затворска казна поради корупција. Талер, кој во Европскиот парламент беше и известувач за Македонија, падна во замка на весникот „Сандеј Тајмс“. Тој беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна поради корупција додека бил пратеник во Европскиот парламент. Талер падна во замката на англискиот „Сандеј тајмс“, чии новинари се претставиле како лобисти кои за награда од 100 илјади евра побарале да влијае врз усвојување на закон во Европскиот парламент.

Словенечката полиција против Зоран Талер поднесла пријава, а тој кон крајот на минатата година се договорил со обвинителството.

„Формално со тој договор ја признавам вината“, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба. „Пред две години и покрај тоа што се противев бев втурнат во шоуто на „Сандеј тајмс“ во сопственост на Мердок, а со овој договор доброволно ќе излезам од тоа шоу“, истакнал Талер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top