| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Шекеринска не одговора е доказ дека нешто смрди

radmila sekerinska1Радмила Шекеринска, не давајќи одговор за тоа чиј е џипот во кој се вози, всушност, самата призна дека нешто смрди и овој случај. Да ве вози возач или да возите нов луксузен џип е нешто за што најголем дел од граѓаните во Македонија може само да сонуваат, а Шекеринска не мисли ни дека треба да го пријави во својот анкетен лист. Штом Радмила Шекеринска не го пријавила џипот во својот анкетен лист, а го користи, тогаш се отвораат нови прашања. Дали овој луксузен џип е нејзин, а доколку не е, тогаш чиј е? – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, не одговори на нивното прашање, чиј е џипот во кој се вози.

Велат, срамно е за политичар, кој себеси се претставува за европски, да избегнува и да не одговара на поставени прашања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top