| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на инструкции кај Црвенковски

zoran-zaev-5

Зоран Заев, очигледно, не може сам да ја води партијата на која е лидер, па побарал помош од експретседателот Бранко Црвенковски, пишува Курир.

Како што дознава „Курир“, деновиве се одржала средба на која Заев побарал совети од својот претходник за тоа како понатаму.

Црвенковски го пофалил Заев за тоа како успешно го изиграа моментот со Наташа Савова, вештачки креирајќи несогласувања на Бихаќка. Целта на оваа „кавга“, всушност, била да се создаде слика пред јавноста дека на Бихаќка нешто се менува.

Нашите партиски извори велат дека Црвенковски го советувал неговиот наследник да престане со негативната реторика затоа што се добива впечаток дека сами се заплеткуваат кога меѓусебе си задаваат контранапади.

Но, сепак, дека во СДСМ ништо не е сменето и нема да се промени говори натамошниот тек на разговорот меѓу овие двајца политичари. Истиот, од нивните поддржувачи најверојатно ќе наиде на разочарување бидејќи токму тие најмногу веруваа дека политиката од Бихаќка ќе тргне во нагорна линија.

Црвенковски, практично,  му порачал на Заев да продолжи да ја лаже јавноста за да добие глас повеќе.

– Бранко го советувал Заев да почне повторно да пласира лажни ветувања и преку популистички мерки да ветува чуда. На крај нашле заеднички јазик, па се договориле да комбинираат методи – велат партиските извори на „Курир“.

По средбата, Црвенковски јасно им дал до знаење на сите дека лично стои зад Заев и дека тој е негов пулен, во кој има максимална доверба.

„Курир“ се обиде да стапи во контакт со Зоран Заев за од него лично да добиеме одговор на неколку прашања поврзани со оваа средба, но тој не одговара ниту на нашите повици, ниту на пораките кои му ги испративме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top