Околу 1.400 лица поднесоа заедничка тужба против три компании што ја градеа нуклеарната централа „Фукушима“ наведувајќи дека треба да се финансиски одговорни за штетата предизвикана од топењето на реакторот во 2011 година.
Тужбата е предадена до Околискиот суд во Токио и претставува историски напор за да се оспорат важечките прописи со кои производителите имаат имунитет од одговорност во нуклеарните несреќи.
Во моментот операторот на нуклеарниот погон ТЕПКО е прогласен за одговорен за несреќата предизвикана од силниот земјотрес.
Подносителите на тужбата, меѓу кои жителите на Фукушима и речиси 400 други од целиот свет, истакнуваат дека производителите „Тошиба“, ГЕ и „Хитачи“ пропуштиле да ја подобрат безбедноста на реактори на нуклеарната централа во Фукушима, стари четири децении.
Тие бараат отштета од по 100 јени (еден долар) за секој од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле