| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Ова е мојот ѕид уништен од бомби

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, на неговите профили на социјалните мрежи објави фотографија од Копаоник, каде што растел и почнал да тренира тенис.

Иако тоа е фотографија од ѕид на кој Новак тренирал, тоа што ќе ви падне в очи на сликата е тоа што добар дел од ѕидот е уништен при бомбардирање.

Покрај сликата Ѓоковиќ напишал:

– Ова остана од ѕидот на кој тренирав со мојот прв тренер Јелена Генчиќ. Штета што бомбите уништија поголем дел од ѕидот, но и натаму сум среќен и благодарен поради лекциите и искуството што го стекнав тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top