На 2 февруари, со почеток од 18 часот, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ на домашен терен пред својата публика го играат првиот натпревар во групната фаза во Лигата на шампионите против екипата на Турингер. Картите за овој натпревар се по цена од 100 и 200 денари, а можете да ги набавите во продажните салони на ОНЕ, МК Тикетс, Југотон и Офис плус. ЖРК Вардар ве повикува во поголем број и ве очекува на натпреварот за да им се даде поддршка на ракометарките за уште еден историски успех во македонскиот ракомет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.