| четврток, 6 декември 2018 |

По снежното утро ќе следува студена ноќ

nocna-idila-vo-skopje-6

Времето утрово ќе биде облачно со врнежи од снег. Интензитетот на врнежите ќе се намалуваат во текот на претпладнето. Во текот на вечерта ќе има и значително разведрување, што ќе придонесе за да имаме студена ноќ.

Според Метеопро  максималната тепмература на повисоките места ќе остане под 0°С , а низ котлините ќе се движи меѓу 1°С и 5°С. Најтопло, до 7°С, ќе биде во Гевгелискиот регион.
Во Скопје, денот ќе започне со продолжение на врнежите од снег, но во текот на утрото врнежите постепено ќе престануваат. Во текот на попладнето и вечерта се очекува позначително разведрување. Денот носи максимални 4°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top