Актерката Скарлет Јохансон снимила реклама за сок, но се покажало дека делува премногу секси и навредливо за главниот спонзор на Супербол, па нема да биде емитувана за време на финалето од американскиот фудбал.
Скарлет на рекламата носи наметка и подготвува смеса за совршен газиран сок, после што се соблекува и на заводлив и провокативен начин пие голтка од сокот.
Дека производителите на овој сок имале намера малку да ја „пецнат“ конкуренцијата, открива и реченицата која ја изговара Скарлет: „Ова е поздраво и за мене и за вас, извинете Пепси и Кока-Кола“.
Токму поради тоа оваа реклама е забранета. Всушност Пепси и Кока-Кола се главни спонзори на Супербол, па реагирале рекламата веднаш да се повлече.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


