Њу Ингланд патриотс повторно се шампиони на НФЛ лигата откако тимот предводен од неповторливиот Том Брејди славеше над Атланта фалконс (34-28) во најлудиот „Супербоул“ во историјата на американскиот фудбал. Првпат во историјата, во 51. издание на Супербоулот, победникот беше решен со продолжение, откако „патриотите“ на чудесен начин се вратија по очајното прво полувреме.
Атланта пред крајот на полувремето имаше предност од 21-0, а на стартот од третата четвртина Фалконс имаа и 28-3, но кога сите помислија дека приказната е готова на сцена стапија Брејди и големиот стратег со хрватско потекло Бил Беличек, за најголемиот пресврт во историјата на Супербоул натпреварите.
Во продолжение вреди да се погледне спектакуларното шоу од најдобрите потези на вечерта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)