| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот конзул и неговата сопруга избодени со нож во Судан

rus

Руски дипломат и неговата сопруга биле нападнати и избодени со нож денеска во престолнината на Судан од маж од Централноафриканската република (ЦАР), соопшти полицијата во Картум.

Напаѓачот бил информиран дека неговиот брат е убиен од европски војници во ЦАР и барал одмазда, посегнувајќи по животот на западни државјани, се вели во соопштението на полицијата.

Рускиот конзул и неговата сопруга се во стабилна состојба.

ЦАР, која граничи со Судан, е во хаос од март минатата година, откако претежно муслиманската коалиција „Селека“ упадна во престолнината и започна грабежи и убиства. Франција испрати во земјата своја војска да го заштити цивилното население и да ги поддржи африканските мировни сили, кои се обидуваат да го стават под контрола насилството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top