Одборот за јавни трошоци на британскиот парламент соопшти дека состојбата на финансиите на кралицата Елизабета е исклучително тешка, бидејќи резервите и спаднале на историски минимум од само еден милион фунти, од 35 милиони, колку што изнесувале во 2001 година, пишува српски „Блиц“.
За крајот на „кралскиот буџет“ парламентариците го обвинија расипништво на бројните советници на кралицата, на кои им е препорачано да почнат да ги слушаат советите на Министерството за финансии.
Во расправата е истакнато дека кралската палата е во очајна состојба, поради штос е неопходни итни работи на санација на Бакингемската палата и на дворецот Виндзор.
Состојбата е толку лоша, што персоналот мора да поставува кофи поради кровот кој прокиснува, за да се заштита бројните драгоцености и уметничките дела.
Констатирано е дека кралското семејство во изминатите пет години ги намалило трошоците за само пет отсто, додека во исто време буџетот е намален за една третина, пишува „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



