Научниците забележале модели во активноста на мозокот на доброволците кои неодамна се вљубиле и се открило дека може да се предвиди дали двојката ќе биде заедно и по три години.
Наодите покажале дека дури и ако волонтери веруваат дека биле страсно вљубени кога нивните мозоци биле скенирани, со испитување на активноста на нивните невронни, научниците би можеле да откријат дали тие чувства се доволно силни за да трае врската.
На волонтерите им биле прикажани фотографии од нивниот партнер и било побарано да мислат на сеќавањата на нив, додека биле скенирани нивните мозоци.
Изненадувачко било тоа што кај партнерите чии центри за задоволство во мозокот биле помалку активни останале подолго во врска. Од 12 учесници во истражувањето, половина од нив останале да живеат со партнерот и по третата година.
Лево: Мозок на волонтер чија врска трае. Десно: Мокок на волонтер кој подоцна се разделил со партнерот.
Синото покажува мирување на мозокот, а црвеното зголемена активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.