Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска денеска остварија средба со заменикот на помошник-државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји.
Раководството на партијата и заменикот на помошник-државен секретар на САД заеднички истакнаа дека за Република Македонија е од клучна важност што е можно побрзо да стане членка на НАТО и да добие датум за почеток за преговори со Европската унија. Тие беа едногласни, за нашата земја нема друга перспектива освен европската.
Претседателот Заев се заблагодари за поддршката што со години ја добива Република Македонија од САД, како и за програмите за поддршка и јакнење на политичките капацитети во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


