Ривалството меѓу Пеле и Марадона е вечно и нема никогаш да престане, како меѓу навивачите така и меѓу двете легенди во фудбалот.
Без влакна на јазикот, Марадона се осврна на тоа што Пеле ја доби почесната „Златна топка“ на овогодишното доделување на оваа престижна награда.
– Не знам како е можно Пеле да ја добие таа награда пред мене? Јас ја заслужив. Тој секогаш ќе биде вториот најдобар фудбалер. Тој не е ни најдобар бразилски спортист, Сена е подобар од него. Тој секогаш ќе биде втор – рече Марадона.
Тој не знае што зборува. На церемонијата Роналдо го нарече „Кристијано Леонардо“. Тоа доволно говори за него, додаде Марадона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Maрадона бесен: Има само еден виновник за вчерашниот срам!
-
Фудбалската ѕвезда повторно на колена: Диего Марадона ја запроси својата девојка Роција Олива
-
Марадона за СП 2018: Во полуфиналето на Мундијалот се „тимови од мигранти“
-
Марадона пие текила без раце, а до него полна ќеса со „бел прав“ (видео)