| четврток, 6 декември 2018 |

Го дала бубрегот за мажот што умирал, тој ја изневерил, па си го сака назад

Британката Саманта Лемб му го спасила животот на својот сопруг давајќи му го својот бубрег, но веднаш се покаја. Имено, тој ја оставил за нејзината најдобра пријателка, па сега Саманта го сака својот бубрег назад.

Саманта се омажи за Енди, кој поради болест на бубрезите беше во животна опасност, во 2007 година.

Откако му го подарила својот орган за тој да преживее, Енди ја напушта пет години подоцна. Саманта, која сега чека да ги потпише документите за развод, вели дека жали за операцијата. Таа верува дека Енди уште тогаш ја изневерувал со нејзината пријателка, но тој негирал.

Двојката се обиде да го спаси бракот, но како што тврди Саманта, таа подоцна открила дека Енди имал секс-разговори со жени онлајн.

– Јас дефинитивно би го извадила својот бубрег повторно, но не би му го дала нему. Го мразам! Кога би можела , би си го зела назад и би го дала на друг – вели 41 -годишната Саманта.

Енди, пак, вели дека тој никогаш не сакал Саманта да го донира бубрегот, бидејќи операцијата е преризична, но таа инсистирала. Тој додаде дека секогаш ќе ѝ го должи животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top