| четврток, 6 декември 2018 |

Книгата „Малиот принц“ прослави 70 години со изложба во Њујорк

Во библиотеката и музеј „Морган“ во Њујорк е отворена изложба посветена на популарниот роман „Малиот  принц“. Дел од изложбата, која се организира по повод 70- годишнината од првото издание, ќе биде и оригиналниот ракопис на книгата.

Изложбата „Малиoт принц – њујоршка приказна“ ќе биде составена од 35 акварели и 25 страници од оригиналниот текст на Сант-Егзипери, кој, всушност, има 140 страници. Поставката ќе прикаже и дел од творечкиот процес, страници со пречкртани реченици, како и необјавени авторски цртежи.

Францускиот писател и пилот Антоан де Сант-Егзипери ја напишал книгата додека живеел во Њујорк и таа е објавена во 1943 година. „Малиот принц“ е објавена на 250 јазици и дијалекти во светот, со што станува една од најчитаните книги на сите времиња.

Изложбата во музејот „Морган“ во Њујорк ќе биде поставена до 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top