| четврток, 6 декември 2018 |

Героски со реакција на пишувањата на „Нетпрес“

Новинарот и уредник Бранко Героски бара јавно извинување и повлекување на, како што вели, неточните наводи изнесени во текстот со наслов „Нови сознанија – новинарите бизнисмени со добри имоти зад себе“ објавен на „Нетпрес“.

При тоа, Героски укажува на следново:

1. Мојата фирма БГ ПРЕСС ДООЕЛ воопшто не работи, односно е неактивна, со салдо нула. Нејзината основна главнина е таа што била задолжителна со закон, во времето на основањето на фирмата.
2. Не постои фирма „Мајка и дете“, чиј наводен „сопственик“ сум јас. Порталот „Мајка и дете“ го издава Здружението на граѓани за родителство МАЈКА И ДЕТЕ – Скопје, а јас сум еден од основачите.
3. Здружение на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување ЧЛЕН 16 Скопје е непрофитна организација. Неговите членови не остваруваат профит и не делат дивиденди. Остварената разлика меѓу приходите и расходите не е профит и таа се пренесува во наредната година.
4. Моето возило „Нисан икс треил“ е купено во 2005 година. Неговата вредност на пазарот денес не е поголема од 10.000 евра.
5. На улица Коле Неделковски не поседувам два стана, туку еден.
6. Не поседувам никаков „огромен станбен-деловен простор од неколку стотина квадрати на булеварот Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top