Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен на својот интернет-портал објави листа на најгрди споменици во светот, меѓу кои се најдоа споменици во поранешна Југославија, од ерата на Јосип Броз-Тито.
Според нив спомениците кои ги нарача југословенскиот диктатор Јосип Броз-Тито во 60-тите и 70-тите години на 20 век, за да ги одбележи местата на битки од Втората светска војна биле брутални бетонски скулптури, кои опстанаа и на оддалечени локации низ поранешната држава. Личеле на „урнати советски станбени блокови заглавени во полјана“, но „ако ништо друго, означуваат заминување на воени меморијали на јавачи на коњи, со искитени шешири“.
На листата „најгрди споменици на светот“ е и белорускиот Споменик на храброста – предимензиониран во карпа издлабен лик на „лут Белорус“ – симбол на херој од Втората светска војна кај Брестовската тврдина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.