| четврток, 6 декември 2018 |

Стигна дрвото „Гинко“ што ќе стои на местото на Ќосето: Делегација од Нинберг ќе го засади на 5 мај

Градските власти го купиле дрвото гинко кое треба да се засади на местото од каде што беше отстранет споменикот на Андон Јанев-Ќосето, објави „Независен“.  Дрвото ќе биде засадено на 5 мај кога се очекува Град Скопје да го посети делегација од збратимениот Нирнберг.

Купени се три дрва, а 50 се во процедура за набавка.

– „Сѐ е подготвено, само се чека делегацијата од Нирнберг која ќе ја донесе плочката, која всушност ќе биде нивна донација и ќе стои на дрвото“, велат од Град Скопје, пренесе Независен.

За потсетување, на плочката ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации кој гласи: „Секој има целосно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top