| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија против Грција во баражот за Катар 2015

Македонската репрезентација ги избегна Германија и Словенија како противници во баражот за пласман на светското ракометно првенство во Катар што ќе се игра во јануари догодина.

Во двата бараж меча што ќе се играат во jуни Македонија ќе игра со јужниот сосед Грција која што победи во еден од петте турнири на кои играа репрезентациите што не се пласираа на ЕП во Данска.

На прв поглед Македонија има одлична шанса по трет пат да настапи на едно светско првенство со оглед на квалитетите на грчката репрезентација.

zdrepka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top