Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ и Томислав Николиќ вчера имале тајна неколкучасовна средба пред лидерот на СНС да го објави планот за распишување вонредни парламентарни избори и притоа се договориле напредњаците по гласањето повторно да прават влада со социјалистите.
Според белградски „Курир“, Вучиќ, Дачиќ и Николиќ во текот на повеќечасовната средба на Дедиње веќе начелно се договориле за излегување на изборите.
-Дачиќ, Вучиќ и Николиќ практично се договориле за се! Напредњаците повторно ќе составуваат влада со социјалистите, со тоа што, природно, поинаков ќе биде односот на силите отколку по претходните избори. Логично е, сразмерно на поддршката што ја имаат, Вучиќ да ја преземе премиерската позиција од Дачиќ, наведува изворот на „Курир“.
Тој додаде дека во текот на средбата немало тешки зборови, ниту несогласувања, како и дека е „договорено да нема долги преговори по изборот, мерења, советувања, туку се да биде завршено во рекорден рок“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.