| четврток, 6 декември 2018 |

Втора жртва од грип во Македонија

infektivna

Маж на 81-годишна возраст синоќа починал од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Починатиот, како што информира на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ,  боледувал од дијабет и други хронични заболувања.

– Ова е вториот случај во Македонија што завршува со фатален исход. Грипот е особено со висок степен на смртност и на глобално ниво се регистира особено кај лицата од возрасна популација, над 65 годишна возраст- рече Миленковиќ.

Тој упати апел во периодите на вакцинации  од грип да се води сериозна грижа за лицата од возрасната популација да бидат заштитени со вакцина од грип.

Информира дека во моментот нема ниту една трудница во Одделот за интензивна нега на Клиниката.

– Здравствената состојба на двете трудници кои беа заболени од грип е подобрена и тие се префрлени на редовно следење на одделите на Клиниката – изјави Миленковиќ.

Додаде дека во овој момент на Одделот за интензивна нега престојуваат осум пациенти со тешки  клинички здравствени состојби предизвикани од грипот.

Од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести пред две недели почина жена која имаше низа здравствени проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top