| четврток, 6 декември 2018 |

Иницијатива на „Денешен“: Како да му се помогне на „Фокус“ од тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра?

Порталот „Денешен“ покрена иницијатива како да му се помогне на „Фокус“ од тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра, пишуваат на својот сајт. Според нив, еден од начините е Бранко Црвенковски и Хари Костов да ги вратат 50-те илјади евра кои му ги зедоа на „Фокус“ во 2006 година, за неделникот да може да ја надомести глобата од 6.000 евра која како обештетување треба да му ја исплати на Мијалков. Воедно, ќе им останат и голем дел од парите за нивно финансирање, со оглед на тоа што повеќе од 40 илјади евра ќе имаат вишок.

Изминативе денови е актуелна судската одлука според која главниот и одговорен уредник на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостоловски за клевета на првиот човек на УБК Сашо Мијалков треба да му платат 6.000 евра, плус да ги надоместат трошоците на неговиот адвокат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top