Од јули 2012 година, па досега бележиме импресивно зајакнување на финансиските пазари во еврозоната, изјави денеска во Давос првиот човек на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. Во јули 2012 ЕЦБ најави серија мерки со цел да спречи крах на еврото, кои резултираа со намалување на должничката криза, смирување на финансиските пазари и иницијален раст на економијата во еврозоната Сепак, според Драги, и покрај позитивните резултати во изминативе година и половина, економското заздравување на еврозоната и натаму е кревко, а останува и високата стапка на невработеност.
– Сепак, очекувам во следните месеци економскиот раст на еврозоната да се засили- нагласи Драги, кој во Давос присуствува на традиционалниот Светски економски форум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


