Економијата на еврозоната е доволно голема што Европската централна банка (ЕЦБ) ќе разгледува завршување на својата актуелна политика на евтини пари, изјави шефот на германската централна банка Јенс Вајдман.
– Дали наскоро ќе дојде момент да ја тргнеме ногата од гасот? Според мене, тој момент е се поблиску, вели претседателот на „Бундесбанк”, Вајдман, за најновиот број на германскиот неделник „Цајт”.
Вајдман е познат по тоа што во повеќе наврати гласаше против масивната програма на ЕЦБ за купување на обврзници, позната како квантитативно олабавување, според кое таа банка купува должнички хартии од држави и компании за десетици милијарди евра месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.