Мислам дека малку е веројатно премиерката (Тереза) Меј навистина да остане на власт. Таа веќе има многу поделен кабинет, многу мал дел во Парламентот. Мислам дека таа нема да трае- предвидува милионерот Џорџ Сорос, берзантскиот шпекулант кој што ја урна Банката на Англија, денот познат како „Црната среда“. Откако прво предвиде дека ниту во САД нема да трае Доналд Трамп, тој потоа предвиде дека нема да трае ниту британската премиерка Тереза Меј, а дека Велика Британија економски ќе пропадне без ЕУ, па затоа „во петок ќе се разведе, а во понеделник ќе потпише нов договор со ЕУ“. Затоа пак, потоа признава, ЕУ станала прекомпликувана и затоа антиевропските сили се намножиле.
-Во моментов луѓето во Велика Британија се во негирање. Тековната економска состојба не е толку лоша како што беше предвидено, и тие живеат во надеж. Но, како валутата ќе паѓа, а инфлацијата ќе биде движечка сила, тоа ќе доведе до опаѓање на животниот стандард. Ова ќе се случува за некое време, но кога тоа се случи, тие ќе сфатат дека заработуваат помалку од порано, бидејќи платите нема да растат брзо како на трошоците за живот.
Разводот (Брегзит) ќе се случува многу долго време. Многу е потешко да се разведеш, отколку да се венчаш, па мислам дека ќе се развие желбата за обновување на односите, и во теорија или можеби дури и во пракса, може да се дојде во ситуација во 2019 или 2020 година кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, бидејќи тоа мора да се случи, но да ја напушти во петок, а повторно да се приклучи во текот на викендот и да имаат нов договор во понеделникот наутро- предвидува Сорос, па додава:
-Мора да се признае дека Европската Унија стана премногу комплицирано и луѓето се отуѓени. Антиевропските партии собираат сила- вели во интервју за Блумберг Џорџ Сорос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.