Милијардерот и финансиер Џорџ Сорос на Светскиот економски форум во Давос истакна дека деновите на социјалната мрежа, како и на повеќе американски технолошки компании кои се гиганти во интернет сферата им се одбројани.
Според Сорос главната причина за ваквата храбра прогноза е што технолошките гиганти прават се поголеми напори да создадат сопствен монопол на интернетот, а исто така преземаат многу чекори за да го формираат начинот на кој луѓето се однесуваат и размислуваат со оглед на се поголемата зависност од социјалните мрежи кои го пореметуваат вообичаеното функционирање во општеството.
„Сопствениците на платформите се сметаат себеси за господари на универзумот, но всушност тие се робови на одржување на нивната доминантна позиција. Прашање е на време пред глобалната доминација на американските ИТ компании биде скршена. Давос е добро место за да се најави дека им се ближи крајот. Регулацијата и оданочувањето ќе биде нивен предизвик, а Европската комисија за конкурентност ќе биде нивни непријател” истакна Сорос.
Милијардерот кој дава финансиска помош за многу медиуми преку фондацијата Отворено општество исто така верува дека социјалните мрежи влијаат негативно и врз демократијата со можноста за мешање во изборите.
Претходно Сорос беше обвинет од десничарски медиуми во САД дека финансира и ширење на различни лажни вести против Доналд Трамп и Републиканската партија иако токму лажните вести беа доста голема помош за актуелниот американски претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.