Во Љубљана Словенија, падна околу три сантиметри снег, а се очекува до утре дебелината на снежната покривка да биде 30 сантиметри. Снег паѓа и во другите делови на Словенија. Во повисоките делови од државата, снег има и на патиштата, но за сега не предизвикува поголеми тешкотии во сообраќајот.
Снег паѓа и во Хрватска, во Лика и во Загреб. Се очекува снежната покривка да достигне 15 сантиметри, а на планините до 40 сантиметри. Снег паѓа на подрачјето северно од Никшиќ, поради што спречен е сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


