| четврток, 6 декември 2018 |

Раскол во СДСМ- Петре Шилегов бара оставка од сопартијката Наташа Савова

petre silegov

Несогласувањата во СДСМ меѓу старото и новото раководство излегоа на површина. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес конференција  побара оставка од сопартијката Наташа Савова откако таа неколку часа претходно на фејсбук објави коментар во кој ги нарече лидерот на партијата Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска „канцер на партијата“.

– Срамно е човек што е избран од за пратеник од членови на СДСМ во време кога СДСМ и задава сериозни удари на власта да ја напаѓа својата партија и така всушност да одработува за власта. Ако Савова ова го мисли единствено решение е да си поднесе оставка од функцијата пратеник на СДСМ, рече Шилегов.

Неколку часа претходно, Савова, која важи за близок и верен соработник на екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, коментирајќи текст на весникот Дневник во кој се наведува дека таа нема да добие уште една шанса од лидерот Заев за да остане во пратеничките клупи, на својот фејсбук профил напиша:

Никако да се релаксираат од мене ситните брифери од СДСМ… значи драги мои:

1. Јас сама се повлеков

2. И да ме поканите на листата на Заев и Шекеринска, ќе ви се заблагодарам на довербата, бидејќи одбивам да бидам на листа на екипа која е „канцерот на СДСМ“ (цитирам изјава за вас успешен министер од времето кога СДСМ победуваше)

Продолжете да си се натпреварувате со ВМРО кој повеќе станови купил и градежно земјиште…

savova

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top