Македонија ќе биде во петтиот, претпоследен барабан при ждрепката на групите во Ница на 23 февруари за новиот циклус квалификации за Европското првенство во Франција, кое е закажано за 2016 година.
УЕФА, според ранкингот на репрезентациите, ги одреди и составите на шесте барабани, а ние сме во друштво со Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Азербејџан, Молдавија, Грузија и со Кипар. Овие селекции не можат да ни бидат противници во квалификацискиот циклус што ќе стартува во септември годинава.
Еве ги составите пред ждрепката што ќе се одржи во Ница на 23 идниот месец:
Прв барабан: Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Португалија, Англија, Русија, БиХ и Грција
Втор барабан: Хрватска, Украина, Шведска, Данска, Белгија, Швајцарија, Чешка, Унгарија и Република Ирска
Трет барабан: Србија, Словенија, Турција, Норвешка, Израел, Романија, Словачка, Австрија и Полска
Четврти барабан: Црна Гора, Шкотска, Финска, Ерменија, Летонија, Велс, Бугарија, Естонија и Белорусија
Петти барабан: МАКЕДОНИЈА, Исланд, Северна Ирска, Литванија, Албанија, Молдавија, Азербејџан, Грузија и Кипар
Шести барабан: Луксембург, Лихтенштајн, Малта, Казахстан, Фарски Острови, Андора, Сан Марино и Гибралтар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


