| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги оштетил државниот и општинскиот буџет со повеќе од 58 милиони денари

Министерството за транспорт утврдило дека струмичкиот градоначалник го оштетил државниот буџет за преку 58 милиони денари со продажбата на земјиштето по багателна цена, објави Нетпрес.

net

 

Струмичкиот градоначалник, Зоран Заев, ги оштетил општинскиот и буџетот на Македонија за приближно 58,608.900 денари, навело Министерството за транспорт и врски во своето укажување за продажбата на државното земјиште во Струмица.

Во документот на Министерството за транспорт и врски, до кој дојде „Нетпрес“ се вели дека „при определување на почетната цена на електронското јавно наддавање за градежна парцела број 11, со основна намена Г2-Лесна незагадувачка индустрија (61,00 денар по м2), не се земени предвид компатабилните класи на намена како што се прикажани во Изводот од ЛУПД за КПбр.6609, донесено со Решение 16-23 од 21 јануари 2011 година по БР. 19-1504/2 од 20 септември 2012 година од Општина Струмица, и тоа: Б1, Б2, и Г3 и Г4 (вкупно 30 отсто), со што се оштетени буџетот на Република Македонија и буџетот на Општина Струмица во приближен износ од 58,608.900 денари“.

net1

 

Понатаму во своето укажување Министерството за транспорт и врски наведува дека поради тие причини смета оти „продажбата на земјиштето е спротивна на одредбите на Законот за градежно земјиште и спротивна на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште, сопственост на Република Македонија, и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп, според која во случај кога на една градежна парцела со урбанистички план или урбанистичко планска документација се предвидени две или повеќе намени компатабилни со основната намена утврдена со урбанистички план, тогаш цената се формира така што во крајна цена по квадратен  метар основната намена се пресметува во износ од 70 отсто , а компатабилната намена изнесува 30 отсто од цената за отуѓување“.

net3

 

„Поради констатираните материјални и процедурални недостатоци, во дел од објавата, укажуваме Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање, делумно да ја поништи Објавата бр.03/2012 од 14 септември 2012 година (објавена на 15-16 септември 2012 година) од точка 11, во делот на предмет на електронско јавно наддавање, кое е предвидено со ЛУПД за КПбр.6609 донесено со решение 16-23 од 21 јануари 2011 година во Урбан блок 4 Струмица, со основна намена Г2-Лесна незагадувачка индустрија. Тоа да го објави во печатени медиуми и во Службен весник на РМ во рок од три работни дена, од што ќе произлезе и поништување на склучениот договор (спогодбено или со предлог преку Државното правобранителство на РМ за подрачјето Струмица), времена мерка за забрана за отуѓување на прибележана во Агенцијата за катастар на недвижности, одделение за катастар на недвижности Струмица, повраток на купопродажна цена за градежно земјиште“, се вели во документот на Министерството за трансорт и врски.

Потоа Министерството бара да биде информирано од Општина Струмица за преземените мерки, и тоа во рок од 15 дена.

На крајот наведува дека „непостапувањето по укажувањето ќе претставува основа за поднесување барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд за констатираните неправилности“.

net4

 

Инаку, Министерството за транспорт и врски ги утврдило неправилностите откако негови службени лица извршиле надзор во Општина Струмица за дадените објави и спроведени постапки за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање.

„Нетпрес“ вчера објави дека Општина Струмица на 30 октомври 2012 година спровела постапка за електронско јавно надавање преку која било продадено земјиште со површина од 66.450 квадратни метри, по почетна цена од едно евро за еден квадрат. Цената за која било продадено земјиштето во Струмица на наддавањето достигнала само 71 денар за квадратен метар. Купувач на земјиштето е Горан Крстев, бизнис-партнер во повеќе фирми на Заеви, поточно на Вице, братот на струмичкиот градоначалник. Исто така, Горан Крстев е човек кој беше вмешан и во аферата „Глобал“, за која Зоран Заев беше аболициран од тогашниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Тогаш фирмата која го градеше „Глобал“ беше во сопственост на Горан Крстев.

Од документацијата до која дојде НетПрес, се гледа дека потписници на договорот за отуѓување на градежното земјиште со огромната површина, од над 66.000 м2, се токму градоначалникот Зоран Заев и Горан Крстев. Односно ова значи дека Зоран Заев го продава земјиштето на бизнис ортакот на фамилијата Заеви, Горан Крстев. Но, скандалот не застанува тука.

Горан Крстев дел од земјиштето кое од Заев и Општина Струмица го купил за цена од само 71 денар, два месеци подоцна го препродава за 6 пати повисока цена односно за 430 денари за метар квадратен.

Имено Горан Крстев дел од парцелата која ја купил преку елетронската аукција од Општина Струмица со вкупна површина од 5.802 м2 ја продава на фирмата Фико Пласт ДООЕЛ Струмица за сума од 2,497.761 денари. Според овој договор, цената за прораден метар квадратен кое Горан Крстев го купил по 71 денар сега изнесува 430 денари по квадрат односно добива 6 пати поголема заработка. Еден ден претходно Крстев отуѓил уште еден дел од земјиштето кое го купил од Зоран Заев. Го продал на фирмите ДПТУ ТИМАС ДООЕЛ Струмица, и ДПТУТ ЛОТУС-ММ ДООЕЛ Струимица. На овие две фирми тој им продал 3.626 м2 за сума од 1,560.993 денари, која е исто така за шест пати повисока цена од она што претходно го купил од Општината Струмица.

Двата договори на Крстев до кој дојде НетПрес му овозможуваат чиста заработка зголемена за цели шестпати.

Реакцијата на општина Струмица која беше целосно без аргументи, поткрепена единствено врз тоа што спогодбата била раскината, факт кој не е сокриен и е потврден во самиот текст на НетПрес, може да се сфати како атак врз слободата на медиум со цел да се дефокусира вниманието од неправилностите и оштета на буџетот што бил констатиран од Министерството за транспорт и врски.

Горан Крстев е дел од бизнис мрежата на Заеви. Оваа мрежа на бизниси на Заеви по се’ изгледа им е добро разработена. Ваквата продажба на земјиште не е единствениот скандал. Претходно беше објавено дека Зоран Заев на фирмата на својот пријател и бизнис партнер на неговиот брат Вице Заев, Горан Крстев, изминативе пет години и’ овозможил да стекне повеќе од 1,6 милиони евра, преку јавните набавки кои фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во изминативе пет години ги склучувала со Општина Струмица и општинските институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top