| четврток, 6 декември 2018 |

Клекнат СДСМ, скриен лидер

zaev brisel

Не­вид­ли­во­ста е фе­но­мен за кој во исто­ри­ја­та се тка­е­ле мно­гу при­ка­ски и ле­ген­ди, но, ба­рем до­се­га, ме­сто­то ѝ бе­ше во на­уч­но-фан­та­стич­ни­те ро­ма­ни. Да ис­чез­не­те не е лес­но, ма­кар и со из­ма­ма. Во нај­ма­ла ра­ка тре­ба да сте илу­зи­о­нист од ран­гот на Ху­ди­ни или Ко­пер­филд. Ка­ко и да е, по­мал­ку не­ве­ро­јат­но, но  нив­на­та тај­на ја откри­ја ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри и дел од пар­ти­ски­те чел­ни­ци. Ли­де­рот на СДСМ ис­чез­на од јав­но­ста це­ли 12 де­на. Го сне­ма, ама, бу­квал­но, од Бо­жик до Во­ди­ци. А јав­но­ста оста­на по­ку­са за еден ли­дер и за мно­гу до­бри га­фо­ви…

Од Бо­жик до Во­ди­ци пр­ви­от чо­век на СДСМ вле­зе во зим­ска хи­бер­на­ци­ја, ка­ра­кте­ри­стич­на за  мр­мо­ти­те. Ја пре­диз­ви­ка, пак, ед­на ру­ска меч­ка  зат­скри­е­на во европ­ска јаг­не­шка ко­жа, поз­на­та по сво­ја­та на­ме­сте­на  нас­ме­вка.  Дип­ло­ме­цот на МГИМО, нај­до­бри­от ру­ски уни­вер­зи­тет­ски рас­ад­ник за ка­дри на КГБ, се­га евро­ко­ме­сар, мис­ле­ше де­ка та­ка ќе го раз­бу­ди ма­ке­дон­ски­от опо­зи­ци­ски мр­мот, но сле­ду­ва­ше кон­тра­е­фект. Во­ден од сво­ја­та чуд­на и искри­ве­на ло­ги­ка, по ата­ка­та и со­се­ма не­о­че­ку­ва­но – адре­сан­тот одг­лу­ми, лег­на и се пре­пра­ва­ше де­ка е мр­тов, уве­рен во ста­ри­те ба­би­ни де­ве­ти­ни спо­ред кои меч­ка­та ќе ве од­ми­не би­деј­ќи од­бег­ну­ва ва­ков тип хра­на на сво­е­то ме­ни. Оби­дот прет­ста­ву­ва­ше очај­нич­ки крик за вни­ма­ние, не го из­др­жа при­ти­со­кот за­тоа што бе­ше све­сен де­ка ни­ту не­го­ви­от прет­ход­ник и истак­нат по­ли­тич­ки мен­тор и за­штит­ник, поз­нат по твр­да­та ко­жа и огром­но­то искус­тво, на 1 март не го из­др­жа при­ти­со­кот на че­шки­от бул­до­жер и за са­мо два ча­са при­фа­ти и по­га­зи сѐ за што се за­ла­га­ше и раз­ви­ку­ва­ше це­ли три ме­се­ци. За­тоа и си зе­де жен­ско за­си­лу­ва­ње, па не за­ми­на сам, ама ба­ди­ја­ла. Се­га, иле­га­ла­та се на­мет­на ка­ко по­тре­ба за за­це­лу­ва­ње на ра­ни­те. И та­ка, не­ли – пр­ви­те ко­му­ни­сти ра­бо­те­ле во иле­га­ла, па зо­што и пос­лед­ни­те да не ги ко­ри­стат неј­зи­ни­те бла­го­да­ти…

(Целиот текст може да го прочитате во новиот број на неделникот „Република“ кој е во продажба од денеска, 24 јануари)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top