| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва современиот балет „14 часа“ на сцената на МОБ

Во Македонската опера и балет, вечерва ќе биде изведена реприза на современиот балет „14 часа“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат: Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top