Министерството за култура реагира на изјавите на Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар, кој објави дека дванаесетте споменици на мостот „Око“ во центарот на Скопје се постевени без одобрение. За целиот проект било задолжено Министерството за култура.
„Андреј Жерновски, и по цела година од својот мандат продолжува да ја дефокусира и манипулира јавноста, во насока на прибирање ситни политички поени. Несфатливо е како еден градоначалник во период од цела година не успеа да реализира ниту еден, единствен проект во интерес на граѓаните, ниту еден единствен проект од областа на културата со кој би се збогатило културното живеење на жителите од оваа општина. Очигледно, Жерновски има сериозна намера да остане запаметен како градоначалник што во својот мандат брка духови во магла, градоначалник што нема ниту програма ниту визија како да го подобри животот на своите граѓани. Крајно време е Жерновски да се зафати со работа, бидејќи граѓаните на општина Центар заслужуваат повеќе“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците