| четврток, 6 декември 2018 |

Владата поддржа 134 проекти за рурален развој во 72 општини

Zoran_Konjanovski

Владата поддржа вкупно 134 проекти во 72 општини преку Програмата за рурален развој. За ова денеска информираше заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, при посетата на Зрновци.

Во општина Зрновци, посочи, преку програмата за рурален развој се реализираат два проекта во вкупна висина од 11,5 милиони денари,од кои едниот е за изградба на плоштад во Зрновци во вредност од 5,4 милиони денари и изградба на фекална канализација во село Видовиште во вредност од 5,9 милиони денари. Двата проекта кои значат многу за општината Зрновци се пример на одличната соработка со градоначалникот и општионата, истакна Коњановски.

Според градоначалникот Блаже Станков двата реализирани проекта се од огромно значење за Зрновци и Мородвис.

Инаку, за оваа цел се издвоени 1.045 милијарди денари што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top