| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица умреа од хормонски лек – лекот се продава и кај нас

dianeДве лица во Франција починаа, додека млада девојка во Хрватска едвај преживеала откако лекот „Диане 35“ и предизвикал тромбоза на десната рака. Овој хормонски препарат се користи и во Македонија. Им се дава на девојчиња кои имаат хормонски промени или мозолчиња по лицето. Според фармаколозите, лекот треба да се препишува исклучиво за таа намена, а не како средство за контрацепција, бидејќи долготрајната употреба го зголемува ризикот од појава на тромбоза, пренесува Нова ТВ.

-Во упатството на лекот прва работа која што стои е дека лекот може да предизика венска или артериска тромбоза. Од тие причини лекарите треба да го имаат тоа во предвид и внимателнно да го даваат лекот, само во ситуации кога е неопходен- вели директорот на Институтот за Фармакологија, Никола Лабачевски за Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top