Горан Иванишевиќ е една од живите легенди на светскиот тенис, секогаш расположен за хумор, а со нова доза го „поздрави“ Борис Бекер и посебно изборот на Новак Ѓоковиќ да го ангажира германецот за свој тренер.
„Ѓоковиќ игра толку добро, што не верувам дека Бекер може да го научи нешто посебно, освен да зборува германски јазик“, изјави Иванишевиќ. Тој додаде дека го цени Бекер како еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но и дека Ѓоковиќ немал потреба од ангажман на Германецот.
По поразот од Станислас вавринка во четвртфиналето на Австралија опен, постои можност Ѓоковиќ да ја прекине соработката со популарниот „Бум-бум“, како што го нарекуваат Борис Бекер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.