| четврток, 6 декември 2018 |

Членството на Шеќеринска во претседателството на ПЕС е лага на СДСМ?

Радмила Шекеринска, заменик претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е избрана за член на претседателството на Партијата на европски социјалисти. Ова денеска го соопштија од опозициската СДСМ.

Партијата на европски социјалисти ги обединува социјалистичките, социјалдемократските и лабуристичките партии од земјите од Европа, како и германските и шведските социјалдемократи, француските и австриските социјалисти, како и Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

Но, спротивно на ова тврдење „Курир“ објави дека СДСМ се обиде да ја излаже јавноста за членувањето во Претседателството на ПЕС, бидејќи тие сепак не се полноправна членка во Партијата на европските социјалисти и членуваат само како партија соработник по редовна постапка во Претседателството која нема право на глас.

clen

 

На официјалниот веб-сајт на ПЕС (www.pes.eu) може да се провери кои политички партии се полноправни членки, а кои партии се членки соработници на ПЕС. Не само што СДСМ не се полноправни членови туку и статутот на Партијата на европските социјалисти (http://www.pes.eu/sites/www.pes.org/files/statutes_adopted_en.pdf – страна 15, 7 поглавје) вели дека секоја политичка партија без разлика дали е полноправен или член соработник, има свој член во Претседателството, вклучително и партиите соработници на ПЕС кои иако имаат свој член, тие немаат право на глас.

print

 

СДСМ со објавувањето за членството на Радмила Шеќеринска во Претседателството на ПЕС се обидоа со политички маркетинг да ја излажат јавноста, а притоа не напоменувајќи дека станува збор за редовна постапка и дека Шеќеринска станала членка според статутот на ПЕС, кој налага секоја партија член на ПЕС да има претставник во Претседателството и дека нема право на глас, пишува Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top