Таткото и чичкото на Зоран Заев од општина Струмица и нејзните институции добиле половина милион евра, обвини на денешната прес – конференција Борче Стамов од ВМРО – ДПМНЕ.
Заев и општинските инситуции кои што се под негова директна надлежност, нагласи тој, со склучувањето на 8-те договори за јавни набавки во ЈОУГД „Детска Радост“ и Општина Струмица, доделиле вкупно 30.564.291 денари на фирмата „Зови Промет“ ДОО.
– Замислете, фирмата „Зови Промет“ ДОО, добила околу 500 илјади евра само за набавка на прехранбени производи, средства за хигиена и новогодишни пакетчиња. Како да не постоеле други фирми во Струмица или пак во Македонија, која што можела да ги врши овие набавки, па морало тоа да се направи преку фирмата на таткото и чичкото на Зоран Заев. Тоа е срамно и политички неморално – истакна Стамов.
Според него, поради ова СДСМ и Зоран Заев со месеци се обидуваат да го прикријат фактот, како што рече, дека во Општина Струмица е создаден систем за испумпување пари во кои се вклучени фирмите на најблиските роднини на Зоран Заев. Затоа, посочи, тие се обидуваат преку невистини и манипулации да го одвлечат вниманието на јавноста од овој класичен пример на непотизам и судир на интереси кој што владее во Општина Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Зоран Заев да излезе и јавно да ја објави целосната постапка и тендерската документација за овие јавни набавки кои ги добила фирмата „Зови Промет“ ДОО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата