– Конечно малку одмор – вели македонската пејачка која деновиве реши да ја посети убавата престолнина на Унгарија.
Откако Калиопи пред два месеци се оперираше поради проблеми со бубрегот, таа ја прекина балканската турнеја. Неодамна, пак, заради несоодветност на терминот, нејзината продукција „Калиопи мјузик продакшн“ и продуцентот на концертот Томислав Кашљевиќ го откажаа нејзиниот концерт во Загреб, кој беше закажан еден ден пред Водици.
Пејачката најави дека ќе одржи концерт во Загреб во склоп на хрватската турнеја која се планира, а чии термини ќе бидат накнадно објавени.
Дотогаш, малку одмор не е на одмет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.