Метеоролозите во Македонија за утре најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини ќе има и повремен снег. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од шест до 14 степени.
Ќе дува и слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.