| четврток, 6 декември 2018 |

Седум трикa за денот да ви почне одлично

Дали утрово на работа стигнавте со чувство на нервоза во желудникот? Ништо необично. Рано будење, подготвување на децата за училиште или градинка, пробивање низ сообраќајниот метеж. Додека дојдеме до работното место веќе сме под стрес, а голема е можноста дека тоа чувство ќе нѐ следи низ целиот ден.

Па, дури и кога наутро ќе станете на „лева нога“, постојат активности кои денот од „уништен“ може да го претворат во одличен.

1. Испланирајте вечерта претходно

Вечерта претходно подгответе што ќе облечете, подгответе појадок и сите дребулии кои морате да ги понесете во канцеларија за наутро да не трчате по куќата во потрага по клучевите, на пример. Овој совет особено помага ако имате деца кои наутро морате да ги подготвите за одење во градинка или во училиште.

2. Обидете се да медитирате

Доволно е петнаесетина минути и не мора да стравувате дека со медитација само уште повеќе ќе ви се приспие. Вистинската медитација го стимулира умот и ќе ви помогне да ги разбистрите мислите и да се ослободите од негативната енергија. Мислете позитивно.

3. Почнете го денот со читање нешто инспиративно

Наместо вести, одберете хумор или некоја инспиративна книга. Ако прво што прочитате наутро бидат вести за трагична сообраќајна несреќа со повеќе загинати, најверојатно е дека ќе бидете тажни. Затоа снебдете се со хумористични книги.

4. Опкружете се со цвеќиња

Истражувањата покажуваат дека изложеноста на силни бои рано наутро ја разбудува енергијата. После работа одете во цвеќарница да си купите голем шарен букет за наредното утро тоа да ви биде прво што ќе видите кога ќе ги отворите очи.

5. Кафето заменете го со зелен чај

Иако кафето е одличен стимуланс, понекогаш е лошо за желудникот, особено ако се пие на „празен стомак“. Обидете се некое утро наместо кафе да си приготвите зелен чај, кој исто така има кофеин, но делува посмирувачки

6. Вежбајте јога

Вежбањето наутро е најдобро за разбудување, а поради ендорфинот ќе се чувствувате подобро. Кој сака добро да се рассони, нека проба со трчање.

7. Договорете состанок кој ќе ве расположи

Без оглед дали имате за тој ден договорено состанок на кој ќе разговарате за новите работни планови или сте се договориле за пијалак со пријателите кои долго не сте ги виделе, добро е да имате договор на кој ќе му се веселите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top