| четврток, 6 декември 2018 |

Самсоненко го купи ФК Вардар

Русинот Сергеј Самсоненко од денеска е нов сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, тој беше единствениот што даде понуда на јавниот повик на Град Скопје и на АДССДП за откупување на акциите на ФК Вардар.

На јавниот повик, акциите на ФК Вардар ги купи ракометниот клуб Вардар, каде што Самсоненко е сопственик неполна година. Акциите од Град Скопје и од АДССДП се откупени за вкупна сума од 81.000 евра.

Сергеј Самсоненко во наредните десет години ќе има можност да управува со најголемиот спортски бренд во Македонија, а навивачите очекуваат дека ќе вложува и многу повеќе од критериумите пропишани во јавниот оглас, според кои тој е обврзан да инвестира по 1 милион евра годишно.

Во наредните неколку дена се очекува Самсоненко да именува нов Одбор на директори, нов претседател, нов извршен директор и нов спортски директор, најблиски соработници кои ќе раководат со ФК Вардар.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top