Пласманот во полуфиналето на хрватската ракометна репрезентација на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Данска е доведено во прашање откако неколкукратниот европски, светски и олимпски првак Франција ја победи Хрватска со 27-25 во мечот од 1. коло од втората фаза.
Еден од најдборите светски ракометар Карабатиќ, како и голменот – ветеран Омејер се најзаслужни за победата на Франција. Шведска и Полска исто така овој дел од првенството го почнаа со триумф на пресметките со Русија односно Белорусија.
Резултати 1 коло – група 1:
Франција – Хрватска 27:25
Шведска – Русија 29:27
Полска – Белорусија 31:30
Табела:
1. Франција 6
2. Хрватска 4
3. Шведска 4
4. Полска 4
5. Русија 0
6. Белорусија 0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.