| четврток, 6 декември 2018 |

Исланд има само пофални зборови за македонската репрезентација

makedonija reprezenacija rakomet

Исланд има само пофални зборови за македонската машка ракометна репрезентација со која ќе се сретне утре, понеделник, од 16 часот на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Данска. Македонија се пласираше во втората фаза од шампионатот и веќе претрпе еден пораз, од Унгарија. И за Исланд не не врзуваат добри спомени, освен оној меч во Скопје, во јуни 2008 година, кога во „Борис Трајковски“ ги збришавме Исланѓаните и потоа ги елиминиравме од Светското првенство (СП) во Хрватска 2009 година. Неколку месеци подоцна Исланд на Летните олимпски игри (ЛОИ) во Пекинг таа година го освои сребрениот медал.

– Тоа ќе биде многу многу тежок натпревар. Капитенот Кирил Лазаров и голманот досега на шампионаот се одлични и очекувам многу проблеми од нив. Ние сега ја совладавме Австрија, треба да се средиме, да ги смириме чувствата и да почнеме да размислуваме за мечот со Македонија. Не треба да мислиме дека дуелот е однапред е добиен, бидејќи Македонците знаат да бидат многу опасни сигурно ќе не казнат доколку не влеземе 100 проценти во овој меч – изјави Густафсон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top