Ѕвездата на „Величенствениот“ Халит Ергенч имал тешко и болно детство.
И покрај богатството и популарноста кои ги стекна со улогата во овој проект, 43– годишниот Халит цврсто гази со двете нозе на земја. Турските новинари го фалат како личност која со своите обожаватели со задоволство разговара и се фотографира, а не сака да носи очила за сонце со кои би се криел од реалниот свет.
Сепак, Ергенч немал детство како од бајките. Тој дел од животот го одбележала неговата помала сестра Азад која е родена со ментално нарушување, па родителите биле повеќе насочени кон грижата за неа. Неговата мајка речиси никогаш не излегувала од дома затоа што морала да се грижи за неа.
-Моите родители се разделија кога јас одев во основно училиште, а и пред разводот ситуацијата меѓу нив беше напната. После тоа мојот татко повремено доаѓаше дома, а во мене уште тогаш се јави потреба за бегство, раскажува Халит.
Тој се запишал на студии за изградба на бродови, но во втора година сфатил дека уметноста е нешто што го влече, па решил да се проба на полето на музиката и на актерството. Покрај музиката и глумата, држел и часови по танц з ада заработи пари за џепарлак.
– Ако го гледате мојот живот, изгледа како во секој период во него да живеела друга личност. Продавав влезници, носев костим на робот и играв на фестивали, раскажува Халит.
Некое време живеел во Америка каде ги гледал сите познати мјузикли бидејќи бил уверен дека неговата кариера ќе тргне по тој пат.
-Чекав улога за мјузиклот „Клетници“ и два дена спиев на отворено додека не ми кажаа – сфати веќе еднаш, ние не те сакаме – тогаш сфатив дека оваа работа зависи само од тоа колку добро ја работиш, се присетува Халит.
Во тие моменти помислувал да се откаже од актерството и да се посвети на кулинарството, но добил понуда да глуми во детски театар.
-Бев „шворц“ и ми требаа пари, а за мене трагично беше да играм во детски театар. Додека ја работевме „Кралот лав“ често бев пијан на сцената. Мојата ситуација беше очајна. Тогаш стигна понуда од Турција, се сеќава Халит
-Требаше да ја работиме турската адаптација на West Side Story. Кога дојдов во Истанбул се јавија дека проектот е откажан и дека имаат веќе подготвено повратен билет за САД, но јас им порачав билетот да си го зачуваат за себе. Погледнав кон Босфор и го почувствував благословот на Истанбул и веќе не ми падна на памет да го напуштам, раскажува актерот.
По оваа одлука како се да тргнало по нагорна линија. Добивал улоги во реклами, па во некои помали серии, а следувала и улогата во „1001 ноќ“. На сетот за серијата ја запознал и сегашната сопруга, актерката Берѓузар Корел.
Благодарение на неговите сини очи, тој стана миленик на жените, а филмските критичари редовно имаат пофалби за него. Со улогата на Сулејман само си ја зацврсти позицијата на најбаран и најскап турски актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театарот за развој на креативноста кај децата
-
Летно издание на „Musicology Barcaffè Sessions“: Angie Stone, Koop Oscar Orchestra и Bokante
-
Гледачите збунети: Жена ли е? Маж ли е? И зошто со потполно гол задник трча по студиото? (галерија) (видео)
-
Џенифер Гарнер искрено за разводот: Причината е зависноста на Бен Афлек кон алкохолот!