| четврток, 6 декември 2018 |

Гледачите збунети: Жена ли е? Маж ли е? И зошто со потполно гол задник трча по студиото? (галерија) (видео)

Кортни Акт со вистинско име Шејан Гилберто Џенек е австралиски модел, поп-пејач и забавувач кој своевремено се натпреваруваше во популарното талент шоу “Australian Idol” во кое заврши на 13-то место, во ријалити шоу “RuPaul’s Drag Race” стигна до финале, а деновиве беше избран за еден од станарите на Големиот брат во куќата во Британија.

Пред да биде испратен во изолација, 35-годишниот Шејн Гилберто приреди невидено шоу на претставувањето во студиото кое на малите екрани го следеше милионска публика. Имено, додека слегуваше по скалите, тој се сопна од сопственото здолниште, се наведна и пред рефлекторите остана потполно гол!

 

Сето тоа , секако, го забележаа камерите на телевизиската куќа Би-Би-Си, на чија програма  се прикажува “CELEBRITY Big Brother 2018”. А за гледачите да бидат поштедени од неприкладната голотија, штом сфатија што се случува го префрлија кадарот колку што можеа побрзо на публиката која седеше шокирана во студиото.

Кортни Акт безуспешно се обиде да се покрие со здолништето сокривајќи ја задницата и интимните делови од телото кои биле облепени со трака со боја на кожа за да не мора да носи долна облека. Но, сепак на крајот го забрзал движењето и побегнал од сцената, се разбира со насмевка на лицата.

-Ова е сигурно беше однапред испланирана финта, добар маркетиншки трик…Но, едно е сигурно, ова дефинитивно беше влез во куќата кој ќе влезе во историјата, заклучуваат гледачите, а пренесе британскиот „Сан“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top